Пожар во магацин на „Меркатор“ во Љубљана

Голем пожар избувна претпладнево во магацин на словенечкиот трговски синџир „Меркатор“ во љубљанската приградска населба Залог и се уште не е изгаснат.

Според првичните информации, како што јави Фена, огнот се појавил во ладилникот за свежа храна, а на местото на инцидентот се наоѓаат полиција и пожарникари.

Опожарени се околу 3.000 метри квадратни од магацинскиот простор со зеленчук, овошје и месо, тврдат од „Меркатор“, каде и покрај уништениот магацин се настојува да не дојде до проблем во редовното снабдување на нивните маркети во Словенија. Поради безбедносни причини евакуирани се неколку објекти во близина.

Засега официјално не е позната причината за пожарот, како ни големината на штетата.

slika-600x340-1431430845-1089615