Свет

Пожар во највисоката зграда во светот „Торч“

Пожар во највисоката зграда во светот „Торч“

Стотици луѓе се евакуирани од највисоката зграда во светот „Торч“ (The Torch) во Дубаи, откако во два часот по полноќ по локално време изби пожар, објави МИА.

Огнот е ставен под контрола, а нема повредени лица. На жителите во околните облакодери им е дозволено да се вратат во своите домови, додека лицата од повисоките катови на „Торч“ ќе чекаат неколку денови.

Пожарот изби на 50. кат, а се уште не е позната причината за огнот. Пламените поради силниот ветер се прошириле десетина катови.

Во гаснењето на огнот учествувале десетина пожарникарски возила.

Во 2011 година во главниот град на Обединети Арапски Емирати, Дубаи изградена е 79-катната зграда „Торч“ при што е прогласена за највисока зграда во светот (336,1 метри).

fire_3207292b