Пожар во оранжериите на поранешен „Винојуг“

Силна експлозија и пожар имало утрово во оранжериите на поранешната  фабрика „Винојуг“ во Негорци, крај автопатот.

Реонот каде што се случила експлозијата е затворен, а причината за експлозијата засега не е позната.

Пожарот е ставен под контрола и во моментот на терен се наоѓаат екипи на противпожарната единица од Гевгелија и на Центарoт за управување на кризи.

Според непотврдени информации во пожарот се повредени три лица.