Пожар во Припор

Вчера околу 20:00 часот во населба Припор, избувнал пожар во куќа, односно пожарот настанал од оџакот, на ул. Христо Татарчев бр. 17, дознава FOX од полициски извори.

Во гаснењето на пожар учествувале две против пожарни возила и десетмина пожарникари, исто така имало прекин со струјата, телефонските и телевизиските услуги во околината, пожарот бил изгаснат за половина час, а ЕВН и останатите компании повторно ги воспоставиле услугите.

За среќа повредени нема, полицијата извршила увид на местото на настанот, и најави подетални информации за денеска.