Пожар во рафинерија во Мексико, четворица настрадаа

Најмалку четири лица загинаа во пожар во рафинерија за нафта во мексичкиот град Мадера, соопштија од државната нафтена компанија „Пемекс“.

Пожарот се случил во моментот кога работниците ја поправале инсталацијата во објектот.

Во пожарот кој се случи на 23 јули, во цистерна за сирова нафта, беа повредени 23 работници, потсетува АФП.