Пожар во сендвичара во Гостивар

Во сендвичарницата „ЕМ“, сопственост на 47-годишниот гостиварец З.Т, лоцирана на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар утрово околу 9:30 часот избувнал пожар.

Огнот, најпрво пламнал во фритезата до скарата и за кусо време се проширил наоколу.

Вработените во објектот со противпожарни апарати се обиделе да го изгаснат, но не успеале и набрзо ги повикале гостиварските пожарникари, кои го локализирале пожарот.

Опожарени,инаку се повеќе апарати и друга опрема во локалот: фритеза, два фрижидери со пијалаци, хауба од скара, мотор за вентилација, работна маса, музички систем,  рутер, два звучници, телевизор, клима уред, телефон и фискална каса.

Вкупната материјална штета, според сопственикот на сендвичарницата, се проценува на 600 илјади денари.

Извршен е комплетен увид и се расветлуваат сите поединости поврзани со причините за пожарот и се друго.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.