(ОБНОВЕНО) Пожар во стан во центарот на Скопје

Голем пожар изби пред околу половина час во стан од зграда во центарот на Скопје.

Противпожарна екипа со шест возила веќе е на терен во обид да го локализира пожарот што избил во стан на последниот кат во една од кулите на улица Велко Влаховиќ во близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Од прозорците од станот се шири густ црн чад, силен мирис на изгорено, а паѓа и пепел. Засега нема информации за повредени.

Полицијата го обезбеди местото околу зградата бидејќи разни парчиња паѓаат од станот што се наоаѓа во пламен. Нашиот репортер на теренот јавува дека една жена, за која се претпоставува дека е сопственичка на запалениот стан, е изнесена од зградата и со возило на Брза помош е однесена во болница. Жената, споредо она што можело да се забележи, не е повредена, но се наоаѓала во состојба на шок.