Пожар во Струмица, повредени нема

Вчера во 04,30 часот во месноста „Софилар“ во атарот на Струмица, бил забележан пожар на куќа-викендица сопственост на С.В.(72) од Струмица.

Од страна на екипа од ТППЕ-Струмица излезено е на лице место при што пожарот е локализиран.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Струмица. Во пожарот повреденни лица нема. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Утрото во 10,10 часот Н.К.(24) од Струмица, враќајки се од интрвенција за гаснење на пожар во „Софилар“ атар на Струмица, и движејќи се со ПМВ „Лада Нива“ со струмички регистарски ознаки почувствувал мирис на бензин во внатрешноста на возилото.

Кога пристигнал на ул.„Ѓуро Салај“, возилото во движење се запалило и од негова страна со ПП апарат пожарот е изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.