Пожар во Тетово, повредени нема

Пожар избувнал во зграда во Тетово, за среќа нема повредени, но причинета е голема материјална штета.

Според информациите од тетовската полиција Ооолу 20 часот и 45 минути синоќа избувнал пожар на петти кат во зграда на улицата „180“ во тетовската населба Блок 70 спроти фабриката „Едтко“.

Пожарот избувнал во домот на 60-годишниот М.С. кој во моментот на избувнувањето со семејството бил на село. За среќа, со брзата интервенција на пожарникарите било спречено да се прошири пожарот, а направена е штета од над 5.000 евра.

Најверојатна причина за пожарот е нестручно изведениот оџак каде што и горело најмногу. Повредени лица нема.