Крими хроника

Пожар во велешкото село Раштани

Пожар во велешкото село Раштани

Утрово околу 9 часот жителите од велешкото село Раштани пријавиле пожар во трева на локација на километар ипол над селото.Пожарникарите од Противпожарната единица од Велес веднаш се упатила на местото на пожарот каде со брза интервенција пожарот веднаш бил изгаснат.

Опожарени биле околу 500 метри квадратни трева. Пожарникарите се сомневаат дека огнот го запалиле некои од селаните, а среќна околност што тој не се прошири било тоа што тревата сеуште не е толку сува. Во пожарот изгорела само трева и грмушки и за среќа била избегната поголема штета, велат од ППЕ од Велес.

Љупчо Лепидовски командир на ППЕ од Велес апелира до локалното население во велешко  да не ја палат тревата со што можат да предизвикаат и шумски пожари со несогледливи последици како што беше случај пред неколку лета во велешко.

„Тогаш во големиот број на шумски пожари изгореа неповратно илјадници хектари шума, а во над 90 отсто од случаите причинител беше факторот човек“, потенцира Лепидовски.