Македонија,Крими хроника

Пожар во викендичка во тетовско Волковија

Пожар во викендичка во тетовско Волковија

Синоќа околу 22 часот избувнал пожар викендичката на Т.С. (73) од Струга во тетовското село Волковија, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Според него, пожарот избувнал при засега неутврдени причини и во неразјаснети околности во потпокривот од викендичката што во тој момент била празна и без покуќнина. Огнот ги опожарил потпокривот, покривната конструкција од ќерамиди, четири дрвени врати и дрвен прозорец. Со интервенција на Тетовската противпожарна единица огнот многу брзо бил изгаснат.

– Увид на местото изврши екипа на СВР Тетово и работи на расветлување на причините што довеле до пожарот додека вкупната материјална штета сопственикот ја проценува на околу 15 илјади евра, рече Јосифоски.