Пожар во зградата на националното радио во Франција

Сите програми на француското национално радио – јавниот сервис беа прекинати нешто по 12 часот и 47 минути, поради пожарот кој избувна на повисоките катови на зградата, во која е сместен јавниот радиодифиузен сервис, јавува МИА.

Според дописник на државната телевизја Франс 3, кој се наоѓа на местото на пожарот, претходно се слушнале повеќе експлозии на горните катови кои во моментов се во реконструкција, поточно на последниот спрат.

Според Франс 3, поради пожарот и експлозијата повеќе прозорци паднале на земјата.