Балкан

Пожари на Корчула, пироманка уапсена од полицијата

Пожари на Корчула, пироманка уапсена од полицијата
10.000 евакуирани пожари во Франција

За неодамнешните пожари на Корчула пироманка е уапсена од страна на полицијата. Како што јавува Танјуг, полицијата за 24-годишната девојка која беше уапсена денес верува дека е одговорна за подметнување на неколку пожари.

Според полицијата, девојката на 21-ви јули околу 9.20 часот во близина на еден угостителски објект на две места покрај патот запалила ниски растенија и сува трева, по што предизвикала пожар и во магацинот на угостителскиот објект.

Овие три пожари на Корчула, биле изгасени од страна на мештаните и вработените во угостителскиот објект.

Се верува дека, уапсената пироманка, следниот ден околу 11 часот на необработено земјиште со запалка запалила сува трева и ниско растение.

Во пожарот изгоре површина од околу 400 метри квадратни, а пожарот бил изгасен во 12, 35 часот.

Освен за споменатите пожари на Корчула пироманка е одговорна и за пожарот што избувнал вечерта околу 23.00 часот. Полицијата верува дека таа во дворот на семејната куќа уште еднаш запалила сува трева, а во текот на денешниот ден околу 2. 40 часот утринава предизвикала пожар во семејната куќа што ја зафатил завесата, вратата, клима уредот и дел од креветот.

И во двата случаи, сопственикот на куќата брзо ги изгасил пожарите.

Против девојката е поднесена кривична пријава, а таа во моментов се наоѓа во притвор.

 

Повеќе за пожарите што го зафатија островот Корчула на следниот линк.