Пожари низ Македонија: Еве каде гори во моментов

10.000 евакуирани пожари во Франција
10.000 евакуирани пожари во Франција

Дирекцијата за заштита и спасување врз основа  на добиените податоци од подрачните одделенија за заштита и спасување во Републиката, информира за моменталната состојба со пожарите :

Во општина Охрид, на периферијата на градот кај трафостаницата 110, под далновод настанати се два пожари. Едниот е од подножјето на планината, а другиот е од погоре. Опожарена е сува трева, смрека. На лице место се вработени од НП Галичица, 13 лица  од  ТППЕ со 3 возила, Црвен Крст, вработени од јавните претпријатија од Охрид, 2 лица од ПОЗС Охрид и 1 возило од ПОЗС Струга.

Во моментот пожарот е локализиран, но не е ликвидиран и ангажираните остануваат на терен. Се очекува во текот на ноќта  пожарот да биде целосно изгаснат.

На територија на општина Велес во 15.20 часот е забележан пожар во околината на с.Отовица. Опожарени се 30 хектари површина- пасишта и нискостеблеста шума. На терен се ангажирани ТППЕ Велес со 3 возила со 10 пожарникари, Македонски Шуми  со 20 лица.

Гасењето на пожарот е во завршна фаза, и се очекува во наредните часови да биде целосно изгаснат.

Во реонот на општина Ранковце има настанато пожар – локацијата е во село Гулинце, општина Ранковце.  Гори ниско стеблеста шума и висока трева. Пожарот е на границата со општина Куманово Според најновите информации од ПОЗС Крива Паланка и ПОЗС Куманово на терен се ангажирани 3 пожарникари од ТППЕ Ранковце, 4 пожарникари и 1 возило од ТППЕ Старо Нагоричане, 5 лица од општина Ранковце, 5 лица од Македонски Шуми.

Во 11,30 часот е регистриран пожар на отворен простор во атарот на селото Кундино на м.в. ,,Кундинска барака,,. Од пожарот е зафатена површина од околу 2,5 хектари од кои околу 2 хектари со сува трева и ситни грмушки и околу 0,5 хектари млади пошумени борови садници. Од страна на ТППЕ-Пробиштип е интервенирано со 1 теренско возило и 2-ца пожарникари.

Пожарот во целост е изгаснат во 12,30 часот.

На територија на општина Ресен во текот на минатата ноќ (19.07 2015) во атарот на с.Царев Двор настанал пожар на нива со жито на  површина од 1 хектар.

Пожарот е целосно изгаснат во 02,00 часот по полноќ.

Во гаснењето на пожарот учествувале 6 пожарникари со 2 противпожарни возила.

На потегот на с. Делогожда се  појавил  пожар на отворен простор, кој во текот на денот е локализиран и целосно изгаснат.

ТПП интервенирала на гасење на пожар на запалена трева во населба Баир во Битола со едно противпожарно возило и два пожарникари од 13,00 до 13,45 часот и пожарот е изгаснат.