Пожарникар повреден при гаснење на пожар во Тафталиџе

Пожар пеплоса барака во скопско Тафталиџе, а во обид да се локализира огнената стихија, со повреди се здобил еден пожарникар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи синоќа околу 20.30 часот избувнал пожар во барака во сопственост на 56-годишниот Д.Т. на улицата Варшавска во скопско Тафталиџе.

Полицијата соопшти дека од  бараката останало само пепел, а за жал при гасење на пожарот, при пад со телесни повреди во пределот на кичмата се здобил еден од пожарникарите кои се справувале со пламените јазици, 46-годишниот Ѓ.Ѓ. од Скопје.

Пожарникарот е пренесен и задржан во ургентниот центар во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.