Македонија

Пожарот во Чаир изгаснат, спасени пет деца меѓу кои и бебе

Пожарот во Чаир изгаснат, спасени пет деца меѓу кои и бебе

Пожарот во станбената зграда на улицата Цветан Димов во скопската населба Чаир конечно е локализиран. 

Во пожарот биле зафатени станови од петтиот до деветтиот кат од зградата, а опожарена била мала површина во тоалетите и шпајзовите од таа вертикала.Пожарникарите успеале да извлечат пет деца, меѓу кои и бебе, мајка и баба што биле заробени во опожарениот дел од зградата. Интервенирале 34 пожарникари, кои спречиле да се случи поголема катастрофа. По интервенцијата констатирано е дека нема повредено ниту едно лице, ни од станарите, ниту пак од пожарникарите.

Пожарот почнал во делот каде што се наоѓаат пожарникарските скали, каде што сè е претворено во остави.

Противпожарната единица интервенирала со 15 возила.

Фото: МКД.МК