Свет

Пожарот во Домот на синдикатите во Киев се проширил

Пожарот во Домот на синдикатите во Киев се проширил

Пожарот во Домот на синдикатите на плоштадот „Независност“ во Киев се проширил. Густ црн чад и оган излегува од седмиот кат на зградата, пренесе „Униан“.

Во исто време судирите меѓу демонстрантите и полицијата продолжуваат. Полицајците користат огнено оружје за да ги запрат демонстрантите, а тие како нивна одбрана фрлаат со камења по силите на редот.

На плоштадот „Независност“, пак луѓето постојано носат храна и автомобилски гуми што се користат при изградба на барикадите.