Спорт

Позицијата во тимот не е проблем за Хуан Мата

Позицијата во тимот не е проблем за Хуан Мата

Репрезентативецот на Шпанија и најскапа аквизиција во клупската историја на англсикиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, откри дека е подготвен да игра на било која позиција и дека ќе ја прифати секоја одлука на новиот менаџер на “црвените ѓаволи”, Дејвид Мојес.

“Во текот на мојата професионална кариера јас сум играл на сите можни позиции кога е во прашање средниот ред и нападот. Сум играл лево, сум играл десно, сум играл позади напаѓачите. Подготвен сум да играм на било која позиција, ќе ја прифатам секоја одлука на нашиот менаџер. Многу сум среќен, среќен сум што сум дел од Манчестер Јунајтед. Повторно уживам во фудбалската игра, среќен сум што имам голема минутажа. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона. Добив голема помош и подршка од мојот сонародник Давид де Геа, а многу ми помогнаа и Чичарито, Валенсија и Рафел кои одличо го зборат шпанскиот јазик. Исто така имам и совршен однос со староседелците Рајан Ггигс и Вејн Руни, како и со холандскиот интернационалец Робин ван Перси”, изјави Мата.