Свет

Позитивни резултати од првата вакцина против хепатит Ц

Позитивни резултати од првата вакцина против хепатит Ц

Првата вакцина против хепатит Ц, развиена од британската лабораторија “ГлаксоСмитКлајн”, предизвика силен имунолошки одговор во рамките на клиничките испитувања во фаза 1, пренесе Франс прес.

И покрај појавата на краткотрајни несакани ефекти како замор и мигрена, вакцината даде ветувачки резултати, уверија авторите на студијата.

Други клинички испитувања во фаза 2 во моментов се спроведуваат во САД, за да се процени ефектот на вакцината врз наркомани. Резултатите ќе бидат познати во 2016 година. Станува збор за првата вакцина против хепатит Ц, која е предмет на клинички испитувања во фаза 2.

-Гледаме имун одговор кај здрави доброволци кој невиден за вакцина против хепатит Ц, изјави шефицата на истражувањето проф. Ели Барнс од медицинскиот факултет на Универзитетот во Оксфорд.

Се проценува дека околу 180 милиони луѓе во светот се заразени со вирусот на хепатитис Ц. Ова хронично заболување е во основата на појава на цироза и рак на црниот дроб, од кои, според податоците на СЗО, годишно умираат околу 500 000 луѓе. Резултатите од истражувањето се објавени во Science Translational Medicine.