Позитивниот тренд во индустријата го зголеми бројот на работниците

Македонското индустриско производство во 2014 година порасна за 4,8% и е редок пример во Европа која посебно во првата половина од годината беше во негатива.

Значаен раст бележи преработувачката индустрија, што за експертите е најдобра вест. Токму оваа гранка создава производи со поголема додадена врендост кои поскапи се продаваат на странските пазари. Најголем е и растот на бројот на работниците токму кај преработувачите. Во 2014 таму работеле за 9,6% повеќе работници споредено со 2013.

Експертите велат дека трендот на раст во индустријата ќе продолжи и годинава. Оптимизмот се темели на информациите дека годинава со производство ќе почнат некои од најголемите нови инвеститори во земјава – меѓу нив и КСС во Кичево, ОДВ во Охрид, Капкон во Скопје и гентерм во Прилеп.