Позлатениот клавир на Елвис Присли на продажба

Оној кој сака да го има позлатениот клавир на легендарниот Елвис Присли треба да одвои најмалку 446 илјади евра.

Клавирот и го купил „кралот“ на својата мајка и во ноември ќе биде на аукција во Лос Анџелес. Тој моменто е изложен во музејот во Нешвил во Тенис.

По смртта на неговата мајка, сопругата на Елвис Присли го позлатила клавирот како подарок за нивната прва годишнина од бракот.