Познат бизнисмен пронајден мртов со прострелни рани во Штип

Познатиот штипски бизнисмен Горан Даскалов е пронајден мртов во штипската викенд населбата Сутилак, јави Телма. Според првичните информации, Даскалов починал од огнено оружје.

На неговото тело била пронајдена огнострелна рана. Полицијата се уште утврдува дали станува збор за убиство или самоубиство.

Даскалов беше член на Управниот одбор на Текстилен кластер и до пред една година претседател на ФК „Брегалница“.

Штипската јавност Даскалов го познава како човек кој работеше во текстилниот сектор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.