Познат датумот кога ќе излезат продолженијата на „Педесет нијанси сива“

Филмот кој предизвика вистинска хистерија годинава „Педесет нијанси сива“ исто како и книгите ќе има уште две продолженија.

Денес, во светските медиуми се појавија информации дека конечно е познат денот кога публиката ќе може премиерно да ги погледне и овие два филма, но по се изгледа, слично како и со сагата „Самрак“ и овој пат ќе чекаме многу пред да имаме можност да го видиме „големото финале“.

Иако се шпекулираше дека второто продолжение ќе биде објавено следната 2016-та година, по се изгледа од тоа нема да има ништо, затоа што според официјалните најави, овој филм премиерно ќе биде прикажан на 10 – ти февруари 2017-та година, а третиот на 9 – ти февруари 2018 – тата.