Познат идентитетот на детето извадено од Вардар

Познат идентитетот на детето извадено од Вардар. Станува збор за детето што пред неколку дена падна во реката Треска кај Чичино село.

Познат идентитетот на детето извадено од Вардар
Познат идентитетот на детето извадено од Вардар

Телото на беживотното дете вчера беше извадено од водите на реката Вардар во близина на зградата на Министерството за надворешни работи.

Како што информираат од МВР, познат е идентитетот на детето што вчера беше извадено од водите на реката Вардар. Двегодишното дете во средата падна во реката Треска.

Двегодишното дете во средата падна во реката Треска
Двегодишното дете во средата падна во реката Треска

Според првичните информации детето околу 18 часот се лизнало играјќи си покрај реката кај Чичино село, а случајот во полиција.

Полициските спасувачки екипи пребаруваа долж течението на реката Треска од Чичино село кон село Грчец.

Детето извадено од водите на Вардар

Беживотното тело на детето вчера беше извадено од водите на реката Вардар во близина на зградата на Министерствотоза надворешни работи.

Како што соопштуваат од полицијата, идентифицијата на телото ја направила мајката, а била направена и обдукција.