Познат идентитетот на британскиот џихадист Џихади Џон

Британскиот џихадист на ИД за кој се верува дека се појавува во видеата на кои терористите од ИД извршија обезглавување на американски и британски заложници е идентификуван како Мохамед Емвази од Лондон, пишува британски „Индепендент“, пренесува Нетпрес.

Досега поголем број светски медиуми пишуваа за маскираниот човек кој на јавноста и е познат како Џихади Џон, кој зборува со британски акцент.

Според Би Би Си, Емвази им бил познат на безбедносните служби во Обединетото Кралство, а неговото име не било соопштено порано затоа што тоа не било во интерес на истрагата.

Емвази потекнува од влијателно семејство. Тој се има стекнато со универзитетска диплома за компјутерско програмирање.

Во 2012 година отпатувал во Сирија и подоцна се приклучил кон терористичката ИД.

фото: Independent.co.uk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.