Познат идентитетот на двете лица кои загинаа вчера кај Штип

Во незгодата од здобиените повреди на самото место починале сопатниците Л.И. (55) и С.И. (50), двајцата од село Радибуш-Крива Паланка. Сопатникот М.Д. (55) од село Отошница, општина Ранковце се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар-Скопје.

На 21 август 2017 година околу 6:35 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, на излез од село Лакавица се случила сообраќајна незгода во која С.П. (41) од село Талашманце, Кратовско, управувајќи патничко возило „Волксваген Шаран“ со струмички регистерски ознаки излетал од патот и се превртел.

Во незгодата од здобиените повреди на самото место починале сопатниците Л.И. (55) и С.И. (50), двајцата од село Радибуш-Крива Паланка. Сопатникот М.Д. (55) од село Отошница, општина Ранковце се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар-Скопје.

Возачот на возилото се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во Клиничката болница-Штип.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип.

По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се предадени на обдукција.