Познат идентитетот на лицето што загина во сообраќајката на патот Велес-Скопје

Познат е идентитетот на лицето што вчера го загуби животот во сообраќајна несреќа на патот Велес – Скопје. Според првичните информации што беа објавени вчера возилото излетало од високиот мост на местото викано Ајдучка Чешма и паднало во провалија.

Од МВР информираат дека вчера околу 10,30 часот на автопатот Велес-Скопје, се случила сообраќајна незгода во која З. Л. од Скопје, управувајќи автомобил „БМВ“ изгубил контрола над истото и излетал од патот, при што од здобиените повреди починал на лице место.

Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош. Увид на лице место извршил Јавен Обвинител и увидна екипа на СВР-Велес.