Познат идентитетот на пешакот што беше прегазен во Куманово

Прегазен пешак во Куманово

Драгољуб Б. (1949) од Куманово е пешакот кој вчеравечер загина во сообраќајната несреќа, откако во него удри автомобил „БМВ“ управуван од М.М. (1984) од кумановското село Сопот.

Како што информира МВР, несреќата се случила околу 21:30 часот на улицата „Гоце Делчев“ во непосредна близина на Гарнизонот.

Возачот на автомобилот го напуштил местото на несреќата по што потоа сам се пријавил во полициска станица, информираат од МВР.