Познат идентитетот на прегазениот маж кај Маџари

Константин Ж. (79) е мажот кој утрово беше прегазен од товарен воз во близина на Маџари.

МВР соопшти дека несреќата се случила околу 8 часот на излез од Маџари кон Трубарево, во непосредна близина на надвозникот, кога возот кој сообраќал на релација Табановце – Трубарево удрил во лице кое напасувало добиток покрај пругата.

Од здобиените повреди Константин починал на местото на несреќата. Извршен е увид во присуство на Јавен обвинител. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.