Познат идентитетот на скопјанецот убиен вечерва

Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп
Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп

Џеваил Мурати е името на скопјанецот кој вечерва беше убиен со автоматска пушка во скопско Љуботен, објави Пресс 24.

Тој мртов бил донесен во градската општа болница во Скопје околу 22:15 часот.

Во какви околности дошло до убиството се уште немаме информација. Не се знае ниту дали полицијата успеала да го упси убиецот или пак тој е се уште во бегство.

Од МВР само потврдуваат дека вечерва се случило убиство, но повеќе детали најавуваат по комплетирањето на увидот.