Познат идентитетот на Србите кои ги користеле услугите на ХСБЦ: Пикси е еден од нив

Вук Хамовиќ, Зоран Ивковиќ, Зоран Дракулиќ и Драган Стојковиќ-Пикси чувале пари на тајни сметки во швајцарското преставништво на ХСБЦ. Најсомнителни трансакции имале Вук Хамовиќ и Зоран Ивковиќ, првите луѓе на ЕФТ, со седиште во Лондон, која се занимава со трговија на струја. Меѓу нив има и педесетина други клиенти на банката кои на своите сметки чувале 43 милиони долари, објавија Блиц.

Инаку претходно беше актуелна приказната за Србинот кој во куфер однел 20 милиони евра и кој бил замолен од вработените во банката следниот пат да биде подискретен, а „Блиц“ пишува дека се покажало дека таа личност е Ивковиќ. Парите од својата сметка, тој во 2005 година ги префрлил на сметка на компанијата ЕФТ, во која денес Хамовиќ е заменик.

Според српски „Блиц“, Хамовиќ сакал преку ХСБЦ да го спроведе купувањето на акции во ЕФТ од Воин Лазаревиќ, во вредност од 10 милиони евра, а поради тоа што немал пари, сакал да позајми од Ивковиќ и трансакцијата да се заврши внатре во банката. Надлежните во банката одбиле да ја спроведат оваа трансакција.

Меѓу четворицата Срби е и фудбалерот Драган Стојковиќ-Пикси, кој со неговата сопруга имале сметки кои во 2006 и 2007 година во еден момент изнесувале околу два милиона евра. Извештаите на банките покажуваат дека овие клиенти „биле ненаметливи“. За српските медиуми сепак тој дал објаснување:

– Имам сметка во таа банка уште од 1994 година, но на мое име. Сметките се пријавени во Франција, чиј резидент сум 20 години и на се’ плаќам данок, изјавил Стојковиќ за „Блиц“.

Експертите за странски вложувања објаснуваат дека граѓаните кои имаат двојно државјанство можат да имаат штедни влогови во Србија, но и во која било држава во странство.

– Сите граѓани кои повеќе од половина година престојувале во Србија стануваат даночни обврзници, додека за престој помал од шест месеци, даночен обврзник е на онаа држава каде што главно престојувал, објаснуваат експертите.

. Во Македонија се уште не се знае идентитетот на лицата коишто во швајцарската подружница на контроверзната банка ХСБЦ имале 15 сметки на кои има 164 долари, а само на една 54 милиони долари. Засега само претпоставуваме кои се лицата кои што би можеле да бидат сопственици на овие сметки. Додека македонското Обвинителство сеуште ја води истрагата.

фото: blic.rs