Познат идентитетот на трите момчиња кои загинаа во сообраќајна несреќа

Уште три млади животи згаснаа на српските улици, откако утрово околу 1 часот по полноќ во бандера се заби автомобил марка „опел вектра“.

Дваесетичетиригодишниот Михајло со своите двајца другари Немања (22) и Срџан (22), сите од Бегеч, ноќта се враќале од Футог каде го прославувале неговиот роденден. Обидувајќи се да претекне друго возило, возачот изгубил контрола во возилото и се забил во бетонска бандера кај кај Бегеч, на патот Нови Сад – Бачка Паланка.

Во Бегеч се уште нема струја, бидејќи ударот на возилото бил толку силен што бандерата се откорнала од основата.