Познат идентитетот на убиениот и повредениот во престрелката во Чаир

Фото: Архива

Во крвава оружена престрелка што се случила синоќа околу 22:30 часот во скопската населба Чаир едно лице е убиено, а друго се бори за живот.

Како што дознава КУРИР, убиеното лице е Исмет А. (викан Кока) од село Блаце кој во престрелка се има здобиено со фатални повреди и умрел во неговиот автомобил „Пасат“ сива боја, на местото каде се случила престрелката.

Тешко повреден е Љ.Ќ., кој живеел недалеку од местото на инцидентот.

Како што неофицијално дознаваме, осомничен или приведен за овој крвав настан нема. Полицијата нема никого приведено според информациите од терен.