Познат идентитетот на убиениот во Ченто

Полицијaта го утврди идентитетот на лицето кое синоќа беше убиено во скопско Ченто.

Според првичните информации, синоќа е убиен  46-годишниот Исмаили И. од Скопје. Инцидентот се случил околу  22:30 часот во близина на црквата Свети Ѓоргија  во Ченто на улицата „Алија Авдовиќ“. Две непознати лица отвориле оган од автоматско оружје кон автомобилот „мерцедес“ во кој бил жртвата.

Полицијата  до доцна во ноќта вршела увид на местото на убиството и работи на пронаоѓање на сторителите.