Познат идентитетот на убиениот во Гостивар

Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на гостиварецот кој утрово беше убиен на улицата ЈНА во Гостивар.

Се работи за 62 годишниот Ф.С., на кого непознати лица му го попречиле патот со контејнери, а потоа почнале да пукаат со автоматско оружје. Ф.С. се наоѓал во возилото „Застава 101“. Најпрво со оружјето било погодено предното стакло на автомоболиот, а потоа Ф.С.

Екипите на МВР прават увид на лице место, а од местото досега се подигнати повеќе чаури и други траги кои потоа ќе одат на вештачење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.