Познат идентитетот на возачот кој вчера усмрти еден пешак, а уште еден повреди

Со возилото „рено клио“, со кое вчера околу 19 часот  на улица 16-та Македонска Бригада беа удрени двајца пешаци, управувал 50-годишниот В.А. од село Сопиште.

Пешаците ко се повредени во сообраќајката се Јордан Н.(50) од Скопје и М.Н.(49) од село Кондово.

Од незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, по што од повредите Јордан починал, додека М.Н. е пренесен во Ургентен центар Скопје каде што е задржан за понатамошно лекување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.