Познат идентитетот на загинатиот совозач во сообраќајката кај Штип

Педесет и четири годишниот Иле Б. од Радовиш е лицето кое утринава го загуби животот откако автомобилот во кој бил сопатник излетал од патот, објавува Курир.

Како што претходно објавивме, несреќата се случи околу 8.45 часот утринава на магистралниот пат Штип-Радовиш, кога автомобил „Форд ескорт“ управуван од 65-годишниот радовишанец Б.К. излтал од патот.

Иле починал на лице место, додека возачот со тешки повреди е пренесен во Клиничкиот центар во Штип каде се бори за живот.

Увидот е во тек.