Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката на патот Штип-Велес

Дваесет и седум годишниот Спасе Стоилковски од селото Таринци е момчето кое вчера загина во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Штип-Велес.

Несреќата се случила кога 23-годишниот скопјанец Џ.З., кој возел „Мазда 323“ без регистерски таблички, удрил во „Југото“ кое го управувал Спасе. Од ударот автомобилот излетал од коловозот, а Стоилковски починал на лице место.

Скопјанецот без возачка дозвола, потоа удрил и во автомобил „Пежо 207“ кој го управувал 61-годишниот Ј.Д., но тој и сопатникот во Пежото минале без повреди.

По несреќата возачот на Маздата, со повреди и раскрварен побегнал од местото на несреќата, но набрзо е забележан од екипа на Итната медицинска помош која била во близина, по што е пренесен во штипската клиничка болница каде му е укажана лекарска помош.

Полициски екипи во присуство на Јавен обвинител извршиле увид на местото на сообраќајната несреќа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.