Познат идентитетот на застреланиот лекар на Ургентен

Лекар од Ургентниот центар во Скопје изутринава бил застрелан од незадоволен граѓанин чија мајка починала.

Неофицијално станува збор за четириесет и едногодишниот специјалист го дигестивна хирургија, Љубомир О.

Според првичните информации неговата мајка била примена синоќа со тешка дијагноза по што итно била оперирана. Таа починала утрово во шок соба.

Како што пренесуваат медиумите, инцидентот се случил кога нејзиниот син утрово дошол во клиниката, влегол во канцеларијата на дежурниот лекар и во него испукал 4-5 куршуми по што излегол.

Повеќе детали за настанот се очекуваат во текот на денешниот ден.

Инаку, како што дознава Нетпрес, лекарот е опериран и во моментов е надвор од животна опасност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.