Познат идентитетот на жената која загина во сообраќајката кај „Зебра“

Страотна несреќа: Автомобил влета во излог и уби жена

Полицијата го утврди идентитетот на жената која синоќа околу 20.00 часот беше прегазена на улицата „Васил Ѓоргов“ од автомобил „опел“ со скопски регистарски таблички.

Како што објави „Курир“, станува збор за 50-годишната Сузана Т. П. од Скопје, која по ударот починала на лице место.

Возачот, скопјанецот Б.Б. (37) и сопатничката од автомобилот Ј.П. (33) се пренесени во Ургентниот центар каде им е укажана лекарска помош.

„Курир“ повикувајќи се на сопствени извори од болницата пишува дека сопатничката била пуштена на домашно лекување, а возачот е задржан на Клиниката за неврохирургија.

Според првичните информации, возачот со десниот дел од автомобилот удрил во Сузана, по што удрил во метална ограда, во скали и на крај завршил со автомобилот во излог од дуќан лоциран во блиската зграда.

Увид на лице место извршиле полициски екипи во присуство на јавен обвинител, по што телото на починатата Сузана е предадено на обдукција.