Познат имињата на санкционираните руски високи претставници

Американското Министерство за финансии ги објави имињата на руските официјални лица кои се засегнати од новите санкции против Русија, поради кризата околу Украина. Во своето соопштение министерството истакна дека превзеле казнени мерки против најтесниот круг на руското раководство.

Во списокот фигурираат имињата на:

1. Виктор Озеров – шеф на комисијата за безбедност во горниот дом на рускиот парламент
2. Владимир Џабаров – прв заменик претседател на комисијата за надворешна политика во
горниот дом на парламентот
3. Евгениј Бушмин – заменик претседател на горниот дом на парламентот
4. Николај Рижков – пратеник од горниот дом на парламентот
5. Сергеј Зеленјак – заменик претседател на долниот дом на парламентот
6. Сергеј Миронов – член на парламентарната комисија за внатрешна политика
7. Александар Тотунов – член на комисијата за култура, наука и информации во горниот дом на
парламентот
8. Олег Пантелеев – прв заменик претседател на комисијата за парламентарните прашања
9. Сергеј Наришкин – претседател на долниот дом на парламентот
10. Виктор Иванов – директор на Федералната служба за борба против дрогата
11. Игор Сергун – шеф на руското воено разузнавање
12. Сергеј Иванов – раководител на претседателската служба
13. Алексеј Громов – прв заменик шеф на претседателската служба
14. Андреј Фурсенко – советник на рускиот претседател
15. Владимир Јакунин – претседател на одборот на директори на компанијата „Руски железници“
16. Владимир Кожин – началник на администрација

Сите овие официјални лица се предмет на санкциите како претставници на руската држава.

Санкции има и против уште неколку лица и една банка, кои се обвинети дека дејствувале во име на државните претставниците или ги поддржувале истите, при нивните дејства во врска со кризата, односно со ситацијата помеѓу Русија и Украина. Тоа се: Генадиј Тимченко, Аркадиј Ротенберг, Борис Ротенберг, Јуриј Ковалчук и банката „Россија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.