Познат музичар од Битола загина во тешка сообраќајна несреќа

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која попладнево се случила на патот Битола – Ресен, објави Курир.

ПОорталот објави дека денес околу 19.40 часот на магистралниот пат пат А3 Битола-Ресен кај местото викано „Чешмите“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило  БМВ со битолски регистерски таблички  и товарно моторно возило со албански регистерски ознаки.

При несреќата, возачот на БМВ-то починал на лице место. Сообраќајот е во прекин за товарни моторни возила.

Претходно, локалниот портал Шеталиште објави дека во сообраќајката животот го изгубил познат музичар од Битола.

Фото: Курир