Магазин

Познат редоследот на изведувачи на Скопски фестивал

Познат редоследот на изведувачи на Скопски фестивал

Дваесет композиции ќе бидат изведени од реномирани пејачи кои ќе настапат на Скопски фестивал 2014, на 12ти ноември, во „Метрополис Арена“, според утврдениот редослед од извлекувањето во емисијата Стисни Плеј.

Прва настапува Лена Златкова, по неа Тања Царовска, Даниел Кајмаковски, Вера Јанковиќ, во дует следат Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски, Евгенија Чанчалова-Еги, Александра Михова, осми се во дует Лидија Кочовска и Маријан Стојановски, по нив Јоце Панов, повторно уште два дуета, Сања Керкез со Горан Наумовски и Тони Михајловски со Александар Тарабунов, дванаесетта настапува Александра Јанева, Наташа Мијатовиќ – Мијата, Тамара Тодевска, Сања Ѓошевска, Наде Талевска, Викторија Лоба, Верица Пандиловска, Нина Јанева и како последен ќе испее Димитар Андоновски.

„Реномираниот Скопски Фестивал оваа година има навистина исклучително квалитетни 20 композиции и изведувачи за кои ќе може да гласа цела Македонија, а како организатори,  одлучивме победникот на фестивалот да нè преставува на Изборот за Песна на Евровизија за 2015 година“, изјави Мери Попова, уредник на културно-уметничката програма на МТВ.

skopski11

Начинот на гласање е идентичен со евровизискиот модел на гласање односно по системот на телевоутинг и оценување од страна на меѓународно стручно жири од седум Европски радио дифузни сервиси, во сооднос 50 – 50 проценти. Најдобрите три композиции  од фестивалот ќе бидат наградени со финансиски средства.

За трите најдобри  три композиции ќе бидат доделени вредни парични  награди, поточно 20 илјади евра во денарска против вредност за првопласираната, 15 илјади за второто место и 10 илјади евра во денарска против вредност за третото освоено место.

skopski2222

„Среќни сме што оваа година одбележуваме три јубилеи, 70 години на Македонското Радио  и  50 години на Македонската Телевизија , но и во пресрет на прославата на 60 –тото  јубилејно издание на Изборот  за песна на Евровизија – идната  година во Австрија – Виена 2015та“, дополни Попова.

МРТ ги пушти во продажба билетите за Скопски фестивал 2014, по симболична цена од 200 денари, преку продажната мрежа на „купи  карти за се“. За секој присутен на настанот ќе следи аудио це-де со сите фестивалски песни.