Познат скопски криминалец изнајмувал возила, а потоа ги продавал

Триесет и деветгодишен скопјанец, кој веќе има богато полициско досие, заработил 2,3 милиони денари така што од рент-а-кар фирми изнајмувал автомобили набавувал лажни документи и возилата и ги продавал.

Според полицијата, А.М. 24-ти до 26-ти февруари прво набавил лажна лична карта на име Костов Игор, а потоа од од две компании на три дена изнајмил „форд транзит“ и „голф 6“ за кои  потпишал договор.

„Откако ги земал возилата потоа пријавениот ги препродал и тоа: ПМВ марка „Форд Транзит“ во Гостивар за сума од 3000 евра, а ПМВ марка „Голф 6“ во Битола за сума од 5000 евра. Притоа, оригиналната сообраќајна дозвола и оригиналните регистерски таблици од  возилото „Форд Транзит“ ги фрлил кај Сарај на мостот на река Вардар, а документите од ПМВ марка „Голф 6“ (сообраќајна дозвола со невистинита содржина на име Костов Игор) како и личната карта со невистинита содржина исто така на име Костов Игор ги запалил на излез од Битола“, се вели во информацијата од полиција.

За лажните документи А.М. платил 2.200 евра. Инаку, скопјанецот веќе зад себе има 18 кривични пријави и 13 казни затвор и една условна осуда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.