Познат словенски актер убиен во својот дом

Словенечкиот глумец Гашпер Тич е убиен во својот стан во центарот на Љубљана, а осомничен е 20-годишно момче кое е уапсено од страна на полицијата.

Полицијата ја продолжува истрагата и засега не открива детали за злосторството поради интересот на истрагата.

Словенечките медиуми, повикувајќи се на извори од истрагата пишуваат дека 20-годишниот осомничен сам се јавил во полиција и признал дека го убил глумецот. Според други извори пак, соседите пријавиле дека во станот на Тич има бучава.

Мотивите за убиството засега не се познати.