Познат српски бизнисмен осуден на пет години затвор за затајување данок

Сопственикот на Делта Холдинг Мирослав Мишковиќ е осуден на пет години затвор и парична казна од осум милиони динари за помагање и затајување данок, пренесува Б92.

Со истата одлука Мишковиќ е ослободен од обвинението дека ги оштетил претпријатијата за патишта, однонсно дека со финансиско дејствување извлекувал пари од нив.

Тој е прогласен за виновен за помагање на синот Марко да затаи данок на добивка од околу 320,3 милиони динари, односно околу 3 милиони евра.

Мирослав Мишковиќ
Мирослав Мишковиќ

На оваа пресуда Мишковиќ и Обвинителството за организиран криминал имаат право да поднесат жалба до Апелациониот суд во Белград, што се очекува.

Судијата Маја Илиќ  вели дека судскиот совет едногласно ја донел одлуката. Сопственикот на Делта Холдинг не присуствувал на изрекувањето на пресудата за што не е обврзан.

Неговиот син, на 25-ти февруари беше осуден поради затајување данок на 3, 5 години затвор и парична казна од осум милиони динари, со обврска неговото претпријатие „Мераинвест“ да плати данок од околу 320, 3 милиони динари, но и тој како татко му е ослободен од обвинението за извлекување пари од претпријатијата за патишта.

Таткото и синот беа прв пат уапсени во 2012-тата година, а по повеќемесечен притвор беа пуштени да се бранат од слобода со кауција од неколку милиони евра, а пасошите и натаму им се во судот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.