Познат српски „газда“ разнесен во својот автомобил

Во експлозија на автомобил која денес се случила во Белград, убиен е сопственикот на Кабаре Роуза, Драган Јелиновиќ (58).

Според српското МВР, автомобилот експлодирал на паркинг, а во моментот на експлозијата Јелиновиќ бил во автомобилот. Други повредени нема.

Под автомобилот Ауди А8 била поставена експлозивна направа, која по активирањето го разнела возилото, при што негови делови се пронајдени и на 10тина метри оддалеченост.

jelinovic2

Како што наведува Blic, непосредно пред несреќата дошло до кавга помеѓу Јелиновиќ и тројца мажи кои на местото пристигнале во црни автомобили со затемнети прозори.

Локална жена, очевидец на настанот, рекла дека откако си заминале тројцата непознати мажи, Јелиновиќ влегол во автомобилот и тогаш дошло до експлозијата.

На местото на настанот се наоѓаат екипи на српското МВР, Брзата помош и пожарникари, а пред малку пристигнал и синот на Јеленовиќ, со кого живеел во Белград.

jelinovic3

Драган Јеленовиќ е сопственик на неколку локали во Белград, меѓу кои и на Кабаре Роуза, а против него се поднесувани кривични пријави за разни дела. Во Германија има одлежано и затворска казна за убиство на унгарскиот државјанин Ервин Б.

Видео од местото на експлозијата можете да погледнете на следниов ЛИНК.