Познат светски режисер почина на проба во МНТ

За време на денешната проба за претставата „Крал Лир“ во МНТ, на 52 години почина истакнатиот словенечки и европски режисер Томаш Пандур, објави Телма.

Како што Телма неофицијално дознава, смртта настапила како резултат на масивен срцев удар. На ова му претходеле болки во градите на кои се жалел Пандур деновиве Од МНТ најавуваат официјално соопштениe.

Пандур беше исклучително плоден режисер чие творештво се темелеше на драмската класика на која и пристапуваше со иклучително уникатен визуелен израз. Негови најпознати претстави се: „Шехерезада“, „Тесла електрик компани“, „Хазардски речник“, „Хамлет“, „Медеја“ и многу други.

Последниве години Пандур живееше и работеше во Мадрид, каде ја основа и приватнaта театарска компанија „Pandur Theaters“.