9.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Позната содржината на договорот кој треба да го потпишат Заев и Ципрас, Каменос нема да гласа за него

Oва е договорот што се очекува да го потпишат Заев и Ципрас

Според нашиот извор, договорот, меѓу другото, ги содржи следниве главни точки:

– Референцата „да се заштитуваат македонските малцинства“, се отстранува од Уставот на соседната земја, а делот за истородноста се услогласува аналогно со грчкиот устав.

– Периодот на транзиција се определува со измени на внатрешните документи на соседната земја и тој сложен процес ќе се поврзе со отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

– Ќе се формира комисија којашто ќе ја испитува употребата на трговските термини во двете земји.

– Македонскиот јазик е признаен, со забелешка дека Северна Македонија признава во договорот дека тој јазик има словенско потекло (како што е наведено во рамката на ООН).

– Во делот на националноста, терминот Македонец / граѓанин на Република Северна Македонија се применува со задолжителна напомена дека луѓето од оваа земја немаат врска со античката грчка култура.