Познатата двојка го очекува своето прво дете

Познатата двојка го очекува своето прво дете. Актерот Џони Деп и неговата сопруга Амбер Херд наводно очекуваат принова.

Сите беа изненадени кога Џони Деп одлучи да се ожени со Амбер (29) имајќи во предвид дека со Венеса Паради има ќерка и син, а никогаш не бил во брак.

Амбер од неодамна веќе не пие алкохол, а ништо нема да објави јавно додека не поминат првите три месеци од бременоста.

Деп (52) веќе ја има ќерката Лили Роуз (16) и синот Џек (13) од врската со акетрката и пејачката Ванеса Паради.

Како што тврдат некои извори ќерката Лили воопшто не е среќна поради овие новости затоа што не е во најдобри односи со Амбер.

Џони и Амбер се во врска од 2012-тата година, а се венчаа на почетокот на 2015-тата.